Министерот за здравство, Венко Филипче на вонредна прес-конференција денеска информираше дека лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ, Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се во самоизолација, откако новинар кој и на двајцата им правел интервју е позитивен на корона вирусот и се лекува во болницата „8 Септември“.
Филипче додаде дека тестот на Мицковски е негативен, и тој бил тестиран доцна синоќа. Но и покрај тоа, тој ќе биде во самоизолација.
Резултатот од тестот на Заев се чека, имајќи предвид дека тој вчера заминал за Струмица и бил тестиран доцна синоќа.
Новинарот со потврдено присуство на корона вирусот, бил во стабилна состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми
181 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се со хронична и здравствени состојби
25 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 6 неодамна патувале
Детален преглед по градови: 30 починати и 633 заболени од коронавирусот во Македонија
Фото: Влада