Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 126 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 13. април.
До 12. април бројот изнесуваше 121, до 11. април, 117, до 10. април, 106, до 9. април, 95, до 8. април 82, до 7. април 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.
Вчера беше соопштено дека се излекувале 7 здравствени работници, кои се вратиле на работа.
Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија влезе во фаза „многу висок ризик“: Какви се проценките за ширење на коронавирусот
Аларм: Во Куманово кумулативната инциденца 165,4, во Дебар 176,5
Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје