еМагазин
Image default
Македонија

На Клиниката за гинекологија во Скопје се породила родилка позитивна на коронавирусот

Пред два дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породила пациентка за која денеска резултат од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирусот.

Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација.

И мајката и детето се во добра здравствена состојба и се испишани од болницата. Земен е брис и од бебето и се чекаат резултати.

-На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 20 часот е породена пациентка, за која денеска резулатот од тестот за Ковид-19 покажа дека таа е позитивна на коронавирус.

Пациентката е породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за Ковид-19.

Пациентката токму затоа што доаѓа од кризен регион, беше примена и породена во делот за изолација на ГАК, кој е наменет за суспектни и заразени пациентки од Ковид – 19, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Пациентката и за време на приемот и во текот на престојот на клиниката била без симптоми за Ковид-19.

По денешниот позитивен резултата на родилката, земен e брис и од бебето.

Од Клиниката соопштуваат дека и мајката и новороденото женско бебе се во добра здравствена состојба, денеска се испишани од ЈЗУ У ГАК-Скопје и се во својот дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирусот

Од коронавирусот почина пациент од Струшко на возраст од 50 години

Вкупно 1.081: Рекордни 107 нови случаи на заразени со коронавирусот, дури 44 во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет најави посета на Апелациониот суд за „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

Редакција

„МојТермин“ ги отвори термините за ковид вакцинација, досега пријавени над 5.900 граѓани над 77 години

Редакција

Убава вест: 283 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција