еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.081: Рекордни 107 нови случаи на заразени со коронавирусот, дури 44 во Куманово

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Скопје – 28, Куманово -44, Дебар – 2, Штип – 1, Прилеп – 11, Тетово – 5, Струга – 1, Велес -4, Битола – 6, Кавадарци -1, Гостивар – 2, Кочани -1, Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 1.081.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2.

“Во изминатото деноноќие направени се 660  теста. Преку Институтот за јавно здравје –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126.

Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38  пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „поцрвене“ за новите случаи: „Дали Антикорупциска е новото СЈО?“

Редакција

2.134 лице во Македонија по вторпат заболело од Ковид-19, четири по третпат, 10 починале

Редакција

Фондот за здравство распиша тендер за набавка на струја „тежок“ 11 милиони денари

Редакција