еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доколку се почитуваат препораките, вработените во маркетите не би требало да ја загадат храната

Работниците со храна во маркетите и продавниците не би требало да ја загадат храната, доколку ги следат стандардните, добри лични хигиенски практики кои го намалуваат ризикот од пренесување на вирусот.

Мерки, како што е често миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција на рацете, употреба на заштитна облека, добра респираторна хигиена, ќе го намалат ризикот од ширење на болеста, порачуваат Светската здравствена организација (СЗО) и Организацијата за земјоделство и храна (ФАО) во заедничкиот водич за Ковид-19 и безбедноста на храната.

СЗО и ФАО како дополнителен начин за заштита ги посочуваат регулирањето на бројот на купувачи во продавниците, чекањето во редици со растојание, поставување на средства за дезинфекција, ознаките на подот од маркетите за да се држи растојание,…

-Иако засега нема научни докази кои сугерираат дека храната е поврзана со пренесување на Ковид-19, важно е да се одржува хигиената околу полиците каде е поставена храната во маркетите, а потрошувачите да ги мијат овошјето и зеленчукот пред консумација, велат од СЗО и ФАО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција од коронавирусот отколку носењето на ракавици за еднократна употреба

Детален преглед: Рекорден број на новозаразени со коронавирусот во Македонија

Убава вест: Бројот на излечени од коронавирусот во Македонија порасна на 121

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет починале: Вкупно 1.013 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, две по третпат

Редакција

37% од децата во Македонија не се чувствуваат безбедно во училиште, 24% се жртви на физичко насилство

Редакција

Времето денеска променливо облачно, попладне со можност за пороен дожд

Редакција