еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Коронавирусот не се пренесува преку амбалажа од храната

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) денеска на граѓаните им порача дека не е потребно да ја мијат и бришат амбалажите од храната што ја купиле во продавниците, бидејќи коронавирусот не се пренесува на тој начин.

„Главите горе, потрошувачи нема потреба да ја бришете и перете амбалажата од храната при враќањето дома“, наведе ФДА во настојувањето да го намали стравот кај Американците дека амбалажата може да биде заразена со коронавирусот, бидејќи некои истражувања укажале на тоа вирусот може да живее на одредени површини од неколку часа до неколку дена.

„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека не постои евиденција за човековата и животинската храна или амбалажа што се поврзани со пренесувањето на коронавирусот, што го предизвикува Ковид-19“, наведе ФДА на својот сајт.

ФДА ги потсетува сите луѓе дека доколку веќе се грижат околу амбалажата, повеќе внимание да посветат на тоа да минат што помалку време во продавниците, со тоа што на време ќе направат список за сите потребни производи што сакаат да ги купат.

Исто така, оттаму потсетуваат дека е поважно да држат дистанца од другите луѓе и почесто да ги мијат рацете.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Национален рекорд: На 100.000 жители, 218 заболени со коронавирусот во Куманово

Најголем број од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

33,8% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Детален преглед: Во Куманово починати 13, во Скопје заразени 388 лица со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати ќе земат обвинителите и што ќе се случи со вработените од СЈО: Што пишува во предлог-законот за „новото СЈО“

Редакција

Пад на индустриското производство во август од 5,1%

Редакција

20 месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, компанијата доби четиригодишна забрана за работа

Редакција