еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Како правилно се става и вади маската за заштита која граѓаните задолжително ќе треба да ја носат

Граѓаните на Куманово, Тетово и Прилеп од денеска задолжително треба да носат маски кога излегуваат надвор и кога се во затворени простории каде што има гужви односно банки, маркети и сл.

Но, освен граѓаните на овие градови, тоа ќе стане обврска и на сите низ целата држава.

Министерот Венко Филипче вчера потенцираше дека паралелно со релаксирање на мерките на територијата на целата држава, за кои денеска ќе се разговара на владина седница, се воведуваат нови задолжителни мерки на лична заштита и граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метри.

„Попрецизно заштитна опрема треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип како маркети продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи, каде има повеќе лица,“ рече тој.

Во однос на отворените површини заштитната опрема мора задолжително да се носи на места каде нема простор за дистанца од два метри.

Задолжително носење на заштитна опрема важи на пример за пазарите како најдобар пример за место од отворен тип.

Бидејќи маската ќе стане дел од нашето секојдневие, погледнете го видеото, како правилно да ја употребувате.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски: Обвинителката Стефанова бранител на обвинетите Камчев и Новачевски

Редакција

ЕУ го суспендираше договорот за визно олеснување со Русија: Ќе плаќаат поскапо, ќе им требаат повеќе документи и ќе чекаат

Редакција

Пронајдено телото на Пригожин

Редакција