Утринава добивме информација од Центарот за јавно здравје-Штип дека по спроведените дополнителни тестови четворицата наши сограѓани се негативни на Ковид-19, информираше градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.
-Тоа значи дека моментно во градот и населените места нема заболени лица од коронавирусот.
Лицата, кај кои претходно беше позитивен наодот за Ковид-19, на 24 април ќе добијат решение за престанок на периодот за изолација и ќе можат слободно да се вратат на своите нормални активности, додаде градоначалникот Конзулов.
Апелира граѓаните да продолжат и понатаму да се придржуваат до мерките и препораките од надлежните институции за заштита од коронавирусот, да носат заштитна опрема, како и да држат безбедно растојание.
МИА/Фото: Општина Радовиш
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилепчанец преку Фејсбук повикал да се запалат наши државјани сместени во карантин