еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сите детали: Девојката од Велес со повеќе скршеници преживеала хорор, полицијата ќе истражува како завршила во провалија

Велешанката А.С (29) која од вчера попладне се оддалечила од нејзиниот дом и по која трагаше нејзиното семејство утрово околу 9,30 беше пронајдена од полицијата по непознат телефонски повик од жена, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Девојката била извадена од провалија со помош на пожарникарите, кои го расчистувале патот и ја извлекувале. Од медицинската екипа на Брза помош на лице место и далe прва помош, а потоа итно била пренесена во велешката Општа болница.

Според најновата информација  од портпаролот на ЈЗУ Општа болница  д-р Весна Неделковска Николова таа е во стабилна и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото – политрауматски повреди: скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од Хирушкото одделение донел одлука  попладнево во 17,30 часот со возило на Итна помош од велешката болница девојката  да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје.

Д-р Стархил Тодоров од Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес  утрово во 09:45 часот бил примен  бил повик во Службата за итна медицинска помош од страна на дежурен полициски службеник дека во близина на браната на велешкото езеро „Младост“ пронајдено е едно повредено женско лице.

„Наша дежурна екипа веднаш се упати на местото на настанот. Дежурниот лекар при прегледот на повредената утврди дека истата е свесна, контактибилна, ориентирана, со повеќе телесни повреди на телото.

По имобилизацијата, повредената со помош на пожарникарите, поставена на даска за спасување е извадена од клисурата под браната на езерото „Младост“ и со амбулантно возило и дежурната медицинска екипа е транспортирана на Ургентниот центар при ЈЗУ Општа болница – Велес, со цел натамошни прегледи и утврдување на степенот на телесните повреди“, појасни д-р Тодоров.

Според информацијата од СВР Велес, 29 годишната А.С вчера попладнето околу 16 часот била пријавена од нејзината сестра  во Полициската станица во Велес како исчезната, а по што започнала потрагата од страна на полицијата.

Портпаролот на СВР Велес, Додевски ни изјави дека полицијата сепак ќе истражува како девојката се нашла на дното на провалијата.

Лекарите велат дека била пронајдена смрзната по ладната ноќ, а изјавила дека ја плашело завивањето на шакалите во нејзина близина.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојката од Велес која вчера беше пријавена за исчезната пронајдена жива падната во провалија

Апел за помош: Исчезна девојка од Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На шеесет и четири годишна возраст почина судијата од Апелационен суд Скопје, Нуман Лимани

Редакција

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Редакција

(Фото) Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Редакција