еМагазин
Image default
Бизнис

Поништен тендерот за набавка на 31 респираторна машина

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот, информираат од Министерството за здравство.

„Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.

Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоспитализирани биле/се само 21,3% од заболените од коронавирусот во Македонија

222 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот, 37 оздравени

Повеќе се жени: 44,5 години просечна возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем пад на Македонската берза во март

Редакција

Витаминка со раст на добивката за 58% во третиот квартал

Редакција

Македонски транспортери заглавени на границите на Украина со Полска и Романија

Редакција