еМагазин
Image default
Бизнис

Макпетрол со зголемена добивка за 140,24% во првите шест месеци од годинава

Во првото полугодие од 2021-ва година, Макпетрол АД – Скопје оствари вкупен приход во износ од 8,9 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 928 милиони денари, односно остварен е раст од 11,65%, информира компанијата преку Македонската берза.

“Приходите минатата година се евидентно пониски, а основна причина за падот на приходите е започнувањето на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19.

Како резултат на ширењето на заразата во државата се прогласи вонредна состојба и се воведе полициски час, а се затворија и граничните премини, аеродромите, туристичките и угостителски објекти.

Мерките и рестрикциите, неизбежно, имаа големо негативно влијание и врз работењето на Друштвото во 2020-та и доведоа до значајно намалување на прометот со стоки и услуги, особено во првото полугодие од 2020-та година, односно во вториот квартал.

На квартално ниво вкупните приходи во 2021-ва година бележат постепена стабилизација, но истите сè уште не го достигнуваат пред-пандемското ниво и раст кои се забележуваат во 2019-та“, велат од компанијата.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,7% имаат приходите од продажба, од кои 96,7% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 2% се остварени преку продажба на странски пазар.

“Порастот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 19,7%, а истите учествуваат со 88,6% во приходите од продажба.

Трендот на пораст на приходите на мало во извештајниот периодот, се должи на: зголемување на прометот со деривати за 12%, Ззолемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман (ДАС) за 8%, значителното зголемување на прометот со метан за 245%.

Наспроти нив, приходите на големо бележат пад, што во најголем дел е резултат на падот на продажбата на странски пазар за 8,3%.

Истакнуваме дека негативниот тренд кај продажбата на странски пазар, односно извозот на млазното гориво, е резултат на воведените мерки за затворање на аеродромите, кои важеа како во вториот квартал на 2020-та, така и во првиот квартал на 2021-ва година“, велат од компанијата.

Вкупните расходи остварени во првото полугодие од 2021-ва година се во висина од 8,67 милијарди денари, што претставува зголемување во однос на минатата година за 797,9 милиони денари или за 10,13%.

„Порастот во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 11,56%.

Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 85% од приходите.

Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои Друштвото има лимитирано влијание. Истото се должи на регулирањето на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати.

Доколку набавната цена на одреден дериват не е регулирана, истата зависи од комплетно екстерни глобални фактори и движења, како што се цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот“, велат од компанијата.

Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на овој период, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 223,3 милиони денари, која е поголема за цели 140,24%, односно, поголема за приближно 2,5 пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 92,95 милиони денари, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува: Реновирана и модернизирана бензинската станица на влезот во градот Неготино

Анализа на „Пари“: Колку заработиле лани Макпетрол, Окта, Лукоил, Супертрејд и Дади Оил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во мај

Редакција

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Редакција

Околу 30 проценти од граѓаните ја одбија понудата на банките да одложат плаќање на кредити

Редакција