еМагазин
Image default
Бизнис

Прилепска Пиварница лани со добивка

Прилепска Пиварница АД – Прилеп во периодот од 01.01 до 31.12.2021 година оствари позитивен финансиски резултат, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во 2021 година остварени се вкупни приходи во износ од 1.725.068 денари (оперативни приходи 1.705.402 денари и финансиски приходи 19.666 денари) и истите во споредба со остварените во 2020 година од 1.654.613 денари (оперативни приходи 1.635.998 денари и финансиски приходи 18.615 денари) имаат пораст, односно поголемо остварување искажано со стапка од 104,2% (и тоа оперативните приходи 104% и финансиските приходи со 106%).

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство од 1.666.205 денари и во вкупните приходи учествува со 96,59%, а останатите приходи од 58.856 денари учествуваат со 3,41%.

Остварените вкупни расходи во 2021 година (вкупно признатите расходи) изнесуваат 1.629.682 денари и во споредба со остварените вкупни признати расходи во 2020 година од 1.564.493 денари бележат зголемување и имаат реализација од 104,17%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Кирил Самарџиоски, долгогодишен директор на „Прилепска пиварница“

Прилепска пиварница со зголемена добивка

За примања на Управниот и Надзорниот одбор на Прилепска пиварница лани исплатени 18 милиони денари бруто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката за урологија вработува медицински сестри, плата од 19.000 денари

Редакција

Собранието го донесе буџетот за 2020

Редакција

Хари Костов купи 1.000 акции од Комерцијална банка

Редакција