еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит лани работел со добивка

Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот јануари – декември 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – декември 2020 година изнесуваат 4,422,116 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2019 година бележат намалување за 18%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – декември 2020 година се во износ од  4,356,900 илјади денари, споредено со истиот период 2019 година бележат зголемување за 16%.

Во периодот јануари – декември 2020 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 65,216 илјади денари, додека вкупната сеопфатна загуба изнесува 139,234 илјади денари.

Останатата сеопфатна добивка која беше остварена во 2020 година во износ од 74,019 илјади денари произлегува од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото, особено во 3 и 4 квартал на 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшо Милковски купи 12.781 акција од „Гранит“

Во два блока продадени акции од „Гранит“ за 376.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 70 грчки компании дел од бизнис делегација што со Ципрас ќе дојдат во Скопје

Редакција

„Дуна“ го доби тендерот на Владата за изнајмување на опрема за симултан превод вреден 59.000 евра

Редакција

Богољуб Макревски назначен за стечаен управник на „Трансмет“: Се повикуваат доверителите да ги пријават побарувањата

Редакција