еМагазин
Image default
Локално

„Летале“ тупаници, безбол палкa и шипкa во тепачка поради неврзано куче

На 24.04. во 17.50 часот во Полициско одделение Групчин лицето И.М. (43) од село Добарце пријавил дека истиот ден тој и неговиот внук биле физички нападнати од страна на лицата А.А. и Ф.А, информира МВР.

„Имено, околу 09,00 часот најпрво во неговиот двор влегло лицето Ф.А. кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано кучето во дворот затоа што му влегувало кај него дома по што ненадејно му удрил тупаница на Е.М.

Неколку часа подоцна, поточно околу 15,30 часот, кај пријавителот дошол и синот на Ф.А., А.А. кој реагирајќи дека неговиот татко бил навредуван исто така му удрил една тупаница на И.М.

Потоа расправијата продолжила во физичка пресметка-тепачка во која што Ф.А. и А.А. со железна шипка и безбол палка ги нападнале Е.М. и И.М.

По настанот И.М побарал лекарска помош во Клиничка болница во Тетово каде биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето, како и скршеница на прст од десната рака. Се работи на целосно расчистување на случајот“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали: Убиство во Скопје, приведено едно лице

Редакција

23-годишен битолчанец на You tube пренесувал како полово злоупотребува лице со трајно душевно заболување

Редакција

Градот се подготвува за Нова година: Скопје ќе добие новогодишна населба Винтерленд

Редакција