еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во земјите каде што се дава БСЖ вакцина, кривата на заболени од корона вирусот се разликува од оние кои ја немаат во вакциналниот календар

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека во сите земји каде БСЖ вакцината е задолжителна има поинакви криви за разлика од други земји каде оваа вакцина не е во нивниот вакцинален календар.

Но тој додаде дека се уште е рано да се извлече целокупен заклучок за досегашното искуство за справување на земјата со пандемијата и влијанието на оваа вакцина.

Неодамна и епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје рече дека постојат претпоставки дека лицата кои што ја примиле БСЖ вакцината се поотпорни на корона вирусот

Тој додаде дека посебно во нашиот регион, односно на Балканот и нашата држава, се уште се дава доза од оваа вакцина.

-Претпоставката е дека како имуномодулатор оваа вакцина можеби делува на зголемување на отпорноста на новиот вирус Ковид-19, сепак, се уште се работи за рана фаза од овие испитувања за да се донесе конкретен заклучок или пак да се препорача како мерка за масовна употреба, истакна Микиќ.

Тој информираше дека постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на Ковид 19 кај некои лица, како што е и со третманите коишто се користат и оти стручната јавност и епидемиолозите ги следат сите препораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Микиќ: Постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на корона вирусот кај некои лица

Првичната проценка за пик од 2.500 заразени со корона вирусот, се намали на 1.700

Филипче за 1.Мај: Предлогот е од четврток навечер до понеделник наутро да има полициски час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бапал“ го доби тендерот за чистење на Собранието вреден 191.000 евра

Редакција

Каков имот нуди Јанева како гаранција за да излезе од притвор?

Редакција

Законските измени за Бехтел и Енка се на штета на работникот и неуставни, порачаа од „Гласен Текстилец“

Редакција