еМагазин
Image default
Македонија

Жена од Гостивар која боледувала од карцином, почина од коронавирусот

Повозрасна жена од гостиварското село Горна Бањица починала синоќа како последица од компликации предизвикани од корона вирусот.

Таа и нејзиниот супруг беа последните два случаи со позитивен тест во општина Гостивар.

Жената подолго време боледувала од карцином, а пред два дена била хоспитализирана заради влошена состојба. Засега официјално, во општина Гостивар има двајца закрепнати од болеста Ковид-19.

Утрово во информацијата од здравствените власти испратена до градоначалникот на општината наведено е дека нема новорегистрирани, а до денеска, активни се три случаи. Меѓу нив се сопругот и синот на починатата.

Во гостиварскиот Центар за јавно здравје направени се вкупно 212 тестови.

Деновиве се очекува уште еден контролен тест на жител од селото Чајле, кој пред две недели беше позитивен, а на првата контрола имал негативен резултат. Тој изминативе две недели се лекуваше во домашни услови.

Во соседната општина Врапчиште досега регистрирани се четири случаи, а едно лице од селото Градец почина од компликациите предизвикано од вирусот.

На поширокото гостиварското подрачје од почетокот на пандемијата има 17 позитивни случаи, а за осум од нив се очекува да се потврди дека се закрепнати.

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излекувани дури 111 пациенти заболени од коронавирусот, вкупно оздравени 738

Вкупно 77: Четворица новопочинати од коронавирусот во Македонија

Вкупно 1.465: Нови 23 случаи на заболени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Докиќ: Здравствениот систем се менаџира добро, за сите има лекари и терапија по европски протоколи

Редакција

(Видео) Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа, вели адвокатот на обвинетиот за нападот на Пендиков

Редакција

Илиноис е втора сојузна држава во САД што го прогласи септември за месец на македонското наследство

Редакција