еМагазин
Image default
Ретро

На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија

На денешен ден, 1917 година во Штип, е роден првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

На претседателска функција стапи на функција на 73 години, а зад себе имаше 50 години поминати во Белград на најодговорни функции во поранешната СФРЈ.

Глигоров имаше значајна улога во формирање на независна и самостојна Македонија, и ќе остане запамтен што одвојувањето од поранешна Југославија, успеа да го изведе без војна.

Тој е политичка фигура која несомнено остави големи траги во трасирањето на патот по кој Македонија се движеше за сите овие три децении.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Додека се чека новиот претседател: Како Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов ги бранеа Македонците

Редакција

(ВИДЕО) Заборавено интервју со Никола Тесла: Човекот што го измисли 20 век

Редакција

(Видео) Како граѓаните на Кочани ја дочекаа штафетата на младоста во 1982 година

Редакција