еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Мадона го „прележела“ коронавирусот: Мислев дека имам грип

Поп кралицата Мадона (61) преку социјалните мрежи соопшти дека и таа била заразено со коронавирусот, најверојатно за време на турнејата „Мадам Х“, додека настапувала во Париз, Франција во март.

“Во моментот не сум болна, но неодамна се тестирав на коронавирусни антитела и наодот беше позитивен, што значи дека всушност сум била заразена… Се разболев на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, заедно со многу други уметници со кои во тоа време соработував“, напиша таа на Инстаграм.

Таа не била единствената што била болна во тоа време.

„Сите мислевме дека имаме многу тешки форми на грип. Му благодарам на Господ, сега сите сме добро и здрави. Знаењето е моќ!“, напишала Мадона.

Таа донира 1,1 милион долари за медицински и научни истражувања со цел што побрзо да се пронајде лек, т.е. вакцина за вирусот Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО ја отфрла можноста за повторна инфекција со коронавирусот

Грчки експерти: Песокот и морето не се опасни за заразување со коронавирусот

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Фото: Фејсбук/Мадона

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се споија одделите за камиони на Дајмлер и Тојота

Редакција

Собранието склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 479,6 илјади евра

Редакција

Нови две деца и еден возрасен со мали сипаници, досега хоспитализирани 26 лица

Редакција