еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избори на 14. јуни, предлага СДСМ и коалицијата „Можеме“

Да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот и да се оди на избори во средината на јуни, поточно на 14 јуни, е заедничкиот став на коалицијата „Можеме“ што се изгради на денешниот состанок на претседателите на партиите од коалицијата во седиштето на СДСМ, а кој ќе биде претставен на лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.

-Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект.

Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата.

Тој нагласи дека кризата со корона вирусот остви сериозни последици на економијата и затоа, како што кажа, се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

-Нашата држава навремено презеде мерки и добро се справува со вирусот, но не треба опуштање и затоа апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки, потенцира Заев.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори се ближат, „бомби“ се нижат

Снимките за Мицкоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го осуди терористичкиот нападот во Москва

Редакција

Судењето на раперот Диди ќе почне во мај следната година

Редакција

„Брако“во 2022: План за нови вработувања и проектиран раст од 35%

Редакција