еМагазин
Image default
Свет

Франција од денеска полека се враќа кон нормален живот

Франција од денеска се враќа во нормалниот живот, излегувајќи постепено од мерките на ограничување, воведени на 17 март.

Владата ги повика Французите да бидат подготвени, но правната рамка, поточно Законот за продолжување на вонредната состојба до 10 јули, не е навремено објавен во Службен весник поради потребата Уставниот совет да се произнесе за уставноста на истиот, што ги прави некои од мерките за излегување од изолацијата неспроведливи, јави дописникот на МИА.

Со необјавувањето на законот пред полноќ, денеска не важи само ограничувањето на патувањето до 100 километри, а владата кога го согледа проблемот, непосредно пред полноќ издаде соопштение во кое повика на „чувство на одговорност“.

Според ова соопштение, објавено во текот на ноќта, Уставниот совет, повикан да се изјасни за уставноста на законот од претседателот Емануел Макрон, своето мислење ќе го даде во текот на денот.

По 55 дена минати под стаклено ѕвоно Франција денеска излегува од мерките на ограничување.

Претпријатијата и јавниот превоз полека се враќаат во нормалата, но не на целосна активност.

Училиштата ќе почнат да ги примаат учениците од утре, но не сите, туку само оние кои се во тешкотија и чии родители тоа ќе го дозволат. Сепак, кај сите е присутен зборот претпазливост, за да не се поврати епидемијата и кривата на смртни случаи, што е најниска од почетокот на мај.

Наспроти враќањето во „нормален“ живот, за да се запре економската рецесија, се повеќе се слушаат повици да се внимава на мерките за внимателнлост. Со оглед дека вирусот е се уште тука, бидејќи за него нема ниту лек, ниту вакцина.

Парламентот се усогласи и ја продолжи вонредната санитарна ситуација до 10 јули, усвојувајќи го текстот со кој се донесоа посебни мерки за следење на болните од Ковид-19. Податоците од оваа датотека ќе се чуваат само три месеци.

Пет француски региони се уште се наоѓаат во црвената фаза на епидемијата, каде вирусот се движи брзо, меѓу кои и парискиот регион. Во останатите зелени зони, специјалистите предупредуваат дека „ништо не е готово“. Две нови жаришта се појавија токму во зелените зони.

Ако враќањето на работните места и економската активност со отворањето на сите продавници започнува од денеска, верските обреди во Франција ќе можат да се одржат дури на 29 мај, ако ситуацијата дотогаш не се влоши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Алигатори излегоа на улиците во САД по ураганот „Флоренс“

Редакција

(Видео) Украински авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Редакција

Белгија се затвора за патници од Бразил, Индија и Јужна Африка

Редакција