еМагазин
Image default
Бизнис

Корона вирусот го „дотепа“ туризмот: Намалување од 67,3% на бројот на туристи во март

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2020 година изнесува 17.943, а бројот на ноќевањата изнесува 41.948.

Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 67.3 %, а бројот на ноќевањата е намален за 62.8 %.

Бројот на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 60.5 %, а бројот на странските туристи е намален за 70.4 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 69.6 %.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 18.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 17.2 %, а кај странските има намалување за 18.9 %.

Во периодот јануари – март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 19.7 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15.1 %, а кај странските има намалување за 22.9 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона кризата удира: Намален бројот на работниците во индустријата

Корона кризата удира: Голем пад на индустриското производство

Бугарија од 13 мај ја отвора сезоната за домашни туристи, во преговори и за странски

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест за акционерите: Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 420 денари за акција

Редакција

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор со Бауер БГ вреден 6,5 милиони евра

Редакција

Колку ќе чини повик и СМС: Можно намалување на цените во роаминг со Грција од 1. јули

Редакција