еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврдени 25 нови случаи на заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје

Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, а бројот на активни случаи е 412.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 628, активни 152, Куманово – 416, активни 31, Дебар – 51, активни 0, Штип-36, активни 2, Прилеп –200, активни 63, Тетово – 147, активни 79, Струга – 70, активни 4, Велес – 121, активни 50, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –19, активни 2, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 4, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1.

“Направените 286 теста се преку: Институт за јавно здравје –165, Ветеринарен факултеттет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.

Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Регистрирани уште осум оздравени пациенти, вкупната бројка достигна 1.301

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 104

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По навредите кон Алиоски, УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ за натпреварот со Холандија

Редакција

(Галерија) Нова колекција од „Спрингфилд“ пролет 2019

Редакција

Нови 276 случаи на Ковид-19 од 2.720 тестирања, бројката на активни е 6.086

Редакција