еМагазин
Image default
Македонија

Сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со корона вирусот ќе добијат финансиска поддршка

Министерството за здравство во следните денови ќе направи темелна анализа кои здравствени работниици и институции ќе бидат опфатени со мерката за финансиска поддршка, информираат од таму.

„Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои што работеа со пациенти со Ковид-19 ќе бидат вклучени во програмата. Оваа мерка пред се е наменета за оние кои беа се прва линија во борбата со коронавирусот и никој нема да биде изоставен. Во тек е допрецизирање на целиот процес.

Во однос на деталите за начинот на исплата и како ќе се користат овие средства, условите ќе бидат исти како сите оние кои ќе добијат платежна картичка. За начинот на функционирање на платежната картичка повеќе информации може да се добијат во Министерството за финансии,“ се вели во соопштението.

Реакцијата на Министерство за здравство следува откако матичните лекари реагираа зошто не се опфатени со мерката за зголемување на платата и како награда побараа исплатата на капитацијата, која доцни неколку месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матичните лекари заборавени за зголемување на платите: Ја понесоа тежината од ситуацијата со корона вирусот и сами си купуваа заштитна опрема

Награда од 20 отсто од платата за здравствените работници кои два месеци беа најизложени на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 317 заразени со Ковид-19 од 1.990 тестирања, во Скопје најмногу 182

Редакција

Детали од МВР за хакерскиот напад на ДИК за време на изборите

Редакција

Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори

Редакција