еМагазин
Image default
Локално

Млад тетовец уценувал малолетничка: И барал пари да не ја компромитира

Малолетник на 16 години од Тетово е приведен поради уцени врз врсничка, на која и барал пари за да не објави компромитирачки материјали. Случајот вчера во полиција го пријавила 44 годишната мајка на девојчето.

„Таа пријавила дека преку кориснички профили на социјалните мрежи на нејзината малолетна ќерка, едно лице ја уценувало дека, доколку не му исплати одредена сума пари, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Истиот ден во 14.30 часот на улица „Штипска“ во Тетово од слобода бил лишен 16-годишен малолетник Тетово, кој се сомничи дека е извршител на пријавеното дело“, соопшти СВР Тетово.

Во декември 2019 СВР Тетово евидентираше случај во кој 26 годишна жена го пријави поранешниот сопруг кој и барал пари за да не објави одредени компромитирачки материјали откако и го одзел телефонот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник починал на клиника, ќе се врши обдукција

Редакција

МВР вели нема кривично дело: Расчистен случајот со наводното киднапирање во Карбинци

Редакција

Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во Охридско Езеро кај Трпејца

Редакција