еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор

Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис го презентираше владиниот план за следните месеци за економијата, поддршката на работните места и туризмот, паралелно најави намалување на ДДВ-то.

– На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи кои сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција, рече Мицотакис.

Во однос на даночните олеснувања најави намалување од 24 на 13 отсто на ДДВ-то за секој вид на билети за превоз, бидејќи како што рече ја знае важноста „на поевтин превоз со автобус, брод или авион“.

Дополнително, намалување на ДДВ-то ќе има и за кафето и безалкохолните пијалаци, како и за билетите за летните кина.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Тие што ќе патуваат со брод во Грција треба да пополнат прашалник за Ковид-19

(Видео) Редици за влез на плажите во Грција

(Видео) Редици за влез на плажите во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светските цени на храната рушат рекорди

Редакција

Граѓаните кои се заглавени по аеродроми ќе се вратат со хуманитарни летови и ќе бидат во државен карантин

Редакција

Вкупно 83 трудници заразени со корона вирусот, 39 биле без симптоми

Редакција