Грција вчера прв пат по подолг период пауза поради корона вирусот дозволи да се отварат организираните плажи во земјата.
Видеата од грчките медиуми покажуваат дека граѓани чекаат ред за влез на плажите, но и дека најавените рестрикции за ограничен број посетители и раздалеченост меѓу чадорите не ја спречуваат забавата и уживањето.
До крајот на неделава се очекува да се прецизираат условите меѓу Македонија и Грција за патување преку границата меѓу двете земји, а според најавите Грција ќе дозволи влез на странски гости од 1 јули.
ПОВРЗНИ ВЕСТИ
Филипче: Условите за патување во Грција ќе се знаат до крајот на следната недела
(Видео) Во живо од „отварањето“ на плажите во Грција: Корона вирус, што беше тоа?
40 лица на 1.000 метри квадратни: Грција ги отвара плажите, летувањето ќе биде уживанција
Фото/Видео:Ruptly/Youtube/Prothotema/Newsittv