еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Српска стока денеска не може да влезе во Косово, ниту камиони со српски регистарски таблички

По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово.

Еуроњуз Србија утрово јави од преминот Мердаре дека е оневозможено преминување камиони со српски стоки, како и празни камиони со регистарски таблички издадени од МВР на Република Србија.

Дозволен е премин само за патнички автомобили.

Според медиумот, сообраќајот е многу слаб, а ова е најфрекфентниот премин меѓу Косово и централна Србија, каде во моментот во близина на селото Мердаре има околу 50 камиони.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља изјави дека тој лично одлучил за забраната, по апсењето на тројца полицајци за кои косовската страна тврди дека биле „киднапирани“ на територијата на Косово, додека српските власти тврдат дека биле приведени на територијата на централна Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово целосно го забрани увозот од Србија

Најостро ја осудувам одлуката на Приштина да го запре слободниот проток на стоки, вели српскиот министер за трговија Момировиќ

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дојче Веле“: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор

Редакција

Собранието купува четири лимузини за 3,5 милиони денари

Редакција

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10%

Редакција