Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ш.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информира МВР.
На 07.05.2020, пријавениот физички го нападнал М.И., по што се обидел да го повреди со нож и секира, но не успеал. Притоа, со повреда се здобил Р.И., татко на М.И., кој му помогнал. По настанот, пријавениот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.