еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осумгодишно дете било врзувано за кревет: Македонија ќе треба да плати отштета од 18.000 евра

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која Македонија ќе треба да плати отштета од 18.000 евра на дете кое било врзувано за неговиот кревет додека престојувало во Заводот за заштита и рехабилитација Б.Б.С..

Станува збор за дете кое родителите го оставиле како бебе, а старателот го сместил во институција.

„Врзувањето на Л.Р. за неговиот кревет ноќе и често во текот на денот додека престојувал во ЗЗРББС, го влошило и онака неговиот несоодветниот третман. Судот го наоѓа за особено загрижувачки фактот дека ваквата „мерка“, која сама по себе е некомпатибилна со човековото достоинство, се применувала врз осумгодишното дете околу една година и девет месеци.

Судот смета дека апликантот сигурно претрпел страдање како резултат на неговото несоодветно сместување во ЗЗРББС во периодот од јуни 2012 до април 2014 година, за кое време честопати му била врзувана ногата за креветот.

Ова страдање несомнено предизвикало во него чувства на беспомошност и вознемиреност. Одлучувајќи на правична основа и имајќи ја предвид тежината на повредата, заедно со времетраењето и нејзините ефекти со оглед на посебната ранливост на апликантот, Судот смета дека е соодветно да му досуди на апликантот 18.000 евра во однос на нематеријална штета, плус секој данок што може да се наплати.

Треба да се направат соодветни аранжмани, така што оваа сума ќе може да се користи од страна на овластен старател кој ќе постапува во најдобар интерес за апликантот“, пишува во пресудата.

Целата пресуда ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тојота авто центар“ го доби тендерот на ЗЕЛС за набавка на возило

Редакција

102 се реинфекции: Нови 631 случаи на Ковид-19 од 2.818 тестови

Редакција

За влез во институција не треба да сте вакцинирани

Редакција