Во Велес изминатото деноноќие се регистрирани девет лица оздравени од Ковид – 19, новозаразени нема, а активни на болеста се 31 лице, информира ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, од деветте оздравени, двајца се лекувани во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница и биле отпуштени со два негативни теста. Останатите седум се лекувале дома.
На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес моментно се хоспитализирани 14 пациенти, сите позитивни на Ковид-19.
МИА/Фото: Општина Велес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија
Нови 38 случаи на заболени од корона вирусот, од кои 24 во Скопје
Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122