еМагазин
Image default
Македонија

Нема да се брза со отворање на градинките

Во однос на почетокот со работа на градинките ќе се запази динамичкиот план што веќе е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

– Веќе почнуваат да се отвораат и уписите за тие деца кои не се запишани и тие што навистина нема каде да ги носат децата, а тоа оди паралелно со оној процес на враќање тогаш кога ќе се одлучи, односно тогаш кога ќе бидат отворени за вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме со градинките, нагласи Филипче.

Министерот Филипче потенцира дека апсолутно е дозволено родителите на деца до 10 години да не одат на работа се до отворање на градинките.

– Тие имаат апсолутно легитимно право да не одат заради тоа што мора да ги чуваат децата, а секој прекршок би требало да се санкционира преку инспекторатите, потенцира Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Семејството на скопјанецот кај кого посмртно беше утврден корона вирусот, не сакало да соработува со епидемиолозите

Четворица новопочинати од корона вирусот, вкупно 126

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Таргет-Тврдина“: Мијалков вели дека нема ниту еден доказ дека „бомбите“ се од УБК

Редакција

Сојузот на борци со осуда за отворањето бугарски здруженија со имиња кои длабоко и болно ги побудуваат чувствата на граѓаните

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за трансакциите од буџетските корисници кон “несудената конзулка“ Ејупи

Редакција