еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Заклучно со вчера во Дебар, првото жариште на корона вирусот во Македонија и единствената општина која беше во карантин, 45. денови нема не само новозаразени, туку ни пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот.

Карантинот заврши пред неколку недели, а во оваа општина вкупно беа регистрирани 51 случај. Денеска сите овие лица се излечени и во Дебар со недели нема повеќе активни случаи.

За жал во Општината починаа четворица.

Овие бројки и трендови покажуваат дека дисциплината, со која одредени граѓани низ земјава деновиве имаат сериозен проблем, што резултира со раст на бројот на новозаразени со вирусот, има голем ефект.

Со тоа се согласува и министерот за здравство, Венко Филипче, кој на Фејсбук го споедели токму примерот со Дебар.

“Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.

Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во Општина Дебар.

Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување, напиша на Фејсбук, Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе починати мажи: Смртност и корона вирусот во Македонија

Чаир со најмногу активни случаи: Како изгледа бројот на заразени со корона вирусот по скопските општини

Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бебе од 10 месеци и триесетина млади кои биле на одмор во Охрид меѓу новозаболените со Ковид-19 во Кичево

Редакција

Пад од 36,1%: Минатата недела 175 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Игор Јадровски нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција