еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објавен протоколот: Како ќе изгледа запишувањето во средните училишта

Владата го усвои Протоколот за средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година.

Еве што стои во него:

“Запишувањето на ученици во средните училишта да се одвива во период од 07:00 часот до 19:00 часот.

Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во средното училиште.

Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа. 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето.

Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.

Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.

Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата.

Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага училиштето.

Овозможување на влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места.

Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител/старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.

Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, кој се презема од веб страната на Министерството за образование и наука.

Средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето.

Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во училиштето со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.

На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Средните училишта кои имаа два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.

Доставувањето на документите од страна на ученикот, односно родителот/старателот е согласно распоред според азбучен ред од презимето.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:

-Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.

-Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето.

-Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето.

-Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На децата ќе им се мери температура при влез, дезинфекција ќе има секои 2 часа, што пишува во Протоколот за градинките

Сите детали: Објавен Протоколот за запишување на првчињата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Судењето за „ТНТ“ почнува од почеток, рочиште денеска и за „Траекторија“

Редакција

МВР на консултантски услуги за изработка на биометриски документи ќе потроши 3.000.000 денари

Редакција