еМагазин
Бизнис

Дури 9.075 слободни работни места во првото тримесечје од 2020

На крајот од првото трмесечје годинава во Македонија имало 493.438 пополнети и 9.075 слободни работни места, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.81 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности“, односно 4.10 %, додека најмала е стапката во секторот „образование“, во кој изнесува 0.47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.22 %.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.80 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2.878 има во услужните дејности и продажбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Стокомак наскоро ќе отвори маркети во пет градови во Србија

Редакција

Народна банка: Вакцинацијата за Ковид-19 влева оптимизам, но се уште постојат ризици по економијата

Редакција

Намалени приходите на „Тајмиште“

Редакција