еМагазин
Да помогнеме

Апел до планинарите: Момче од Албанија се изгубило во реонот на Длабока река, пријавете ако го видите

На социјалните мрежи се споделува апел до планинарите, водичите и љубителите на природата дека Ардиан Пали од Албанија е изгубен во реонот на Длабока Река.

„Има 18 години, а изгубил контакт со фамилијата на (20 мај 2020 г. во 15ч.), во планина на реонот на Длабока Река 41°46’33″N 20°35’03″E. Здрав е и физички и психички. Семејството се сомнева дека се симнал долу на страната од Македонија за да бара помош и нешто за јадење. Јас сум инволвиран во потрага уште од саботата пребарани се Дешат, Кораб, Шар Планина до реонот Кобилица.

Се сомневам дека е некаде по бачилата или по руралните села има гласини дека е виден, надеж дека е жив имаме. Драги колеги, младичот зборува англиски и албански, собирал лековити билки за егзистенција. Ако се движите по патеките и ако имате средба со овој младич ве молам за инфо бидејќи мајката секој ден чека да и се врати синот,“ се вели во апелот на Исмет Шурбан.

Фото: Фејсбук/Шурбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Самохрана мајка на четири деца од Тетово: Моите деца не пробале свеж леб

Редакција

Отворени телефонски броеви за собирање на донации за лекувањето на Сандра Дејановска Крастев

Редакција

Малиот Марко треба да се оперира од тумор на жолчка и желудник, потребни се средства

Редакција