На 02.06.2020 во 16.38 часот било пријавено дека во непосредна близина на железничка станица „Криволак“, при разминување на два товарни воза помеѓу два колосеци, товарниот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во Е.О. од Авганистан, информира МВР.
„Притоа, Е.О. се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Неготино“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.