еМагазин
Image default
Македонија

Влез во Македонија само со негативен тест или задолжителен двонеделен карантин

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци, но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

Потоа на граничниот премин лицата ќе треба да потпишат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Врз основа на потпишаната изјава, од страна на овластени претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, а од припадници на МВР се врши контрола на спроведувањето на Решението за здравствен надзор и домашна самоизолација.

„Оние пак наши граѓани или странци со регулиран прстој во земјава, кои при влез на територија на државава нема да приложат валиден PCR тест или ќе приложат невалиден PCR тест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата или со сопствен превоз, со придружба од страна на припадници на МВР ќе бидат спроведени во државен карантин“, се вели во соопштението.

Во текот денот се организира превоз од граничен премин до државен карантин во два наврати и тоа во 10:00 часот и во 20:00 часот. Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена.

Доколку граѓаните сакат да им се направи PCR тест, на нивно барање им се овозможува од страна на овластена институција во најкраток рок да им се направи PCR тест.

Оние граѓани на кои направениот PCR тест е негативен, потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат карантинот и заминуват во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

Од МВР информираат доколку граѓаните не сакат да им се направи PCR тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе општ протокол за сите работни места: Дистанца, заштитна опрема, помалку патувања…

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети сведочел пред хашките истражители како основач на ОВК, тврди Груби

Редакција

Тодоров: Единствен начин толпа народ да влезе во Собранието е да се скрши или отвори вратата

Редакција

Пендаровски: Акцискиот план на Бугарија повторно навлегува во идентитетот на македонската нација

Редакција