еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Прв Албанец за премиер е нова цел на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своеото обраќање по повод 18-годишнината од основањето на партијата најави дека нова цел е избор на првиот Албанец за премиер на државата.

Ахмети во својот говор рече дека сите зацртани цели на ДУИ досега биле остварени.

„Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава!!!

На секоја годишнина, определуваме амбициозни цели и со време тие ги остваруваме, затоа честито пријатели и успех кон остварување на нашите заеднички цели“, напиша Ахмети.

МИА/Фото:Фејсбук/ДУИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: ДУИ нема да биде дел од идната Влада ако бара Албанец за премиер

Касами: Неуспесите на ДУИ не можат да се покријат со барањето за премиер Албанец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Опозицијата може и Никола Груевски да го предложи за обвинител

Редакција

Пиштолот со кој се пукаше кај „Скендербег“, не бил огнено оружје, велат од Обвинителство

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 738 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција