Лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи за вчерашниот остар настап на претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг
Еве дел од твитовите:
Проблемот е што она што Караџовски го кажа, го сфативме само ние што се придржуваме до мерките..
— Kalin Babusku (@kalinbabusku) June 9, 2020
Тие до кои требаше да допре Караџовски, не го ни слушаа ама ај да не ви кршам филм.
— Аритмија (@snowgirly2) June 8, 2020
Тоа што сите други им беше страв да го кажат, Караџовски ви го кажа без ублажување, без тинтрење. Направи риалити чек.
— Серпентина (@AntidoteThought) June 8, 2020
Караџовски: Народот нит се води нит се тера!
Ако има некој од владина говорница побрутално точна работа кажано еве на. Алал вера.— НNкола Спасов (@NikolasTweet) June 8, 2020
Зошто барате од Караџовски оставка? Затоа што праите свадби, погреби, ифтарски вечери, литии, мекици, се тепате како се да ги прекршите мерките, затоа?
— Ишарет (@isharet84) June 8, 2020
На времето Тито на вирусологот Ана Глигиќ и дал одврзани раце и војска и полиција под нејзина контрола за да се справи со Вариолата епа на Караџовски и МВР требаше да му го дадат па да видевте дали ќе имаме нови заболени.
— crvenokosata (@2eyeshadow) June 8, 2020
Ако ги почитуваш мерките нема да се вреѓаш од Караџоски. Толку е твитот.
— Wednesday (@bonitopp) June 8, 2020
Фото: Влада