Вчера во Македонија беа регистрирани 127 нови случаи на заразени со корона вирусот.
“Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 27 позитивни.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 68 лица од женски и 59 од машки пол.
Од епидемиолошки обработените случаи (n=121), регистрирани се 6 хоспитализирани, а кај 18 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронични/здравствени сосојби, н.з.).
Од обработените нови случаи, 76 (59,8%) имаат контакт со потврден случај.
По 3 лица од Скопје и Штип сѐ уште се истражуваат“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден од новопочинатите без претходни заболувања и контакт со потврден случај
„Ако ги почитуваш мерките нема да се вреѓаш од Караџовски“: Твитер реакции
Фото: Факултет за ветеринарна медицина