На нива во село Дреново, Кавадаречко, до трактор „ИМТ 539“, вчера бил пронајден починат И.Ј.(71) од селото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека случајот вчера околу 17.00 часот бил пријавен во Полициска станица Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.