До 31 август Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани на држави што не се членки на Европската унија, изјавија неименувани извори од германската Влада.
Според нив, Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од коронавирусот.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија сѐ додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се тестираат по случаен избор