еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Речиси исполнет капацитетот на Инфективна клиника со заразени од корона вирусот: Од 110 кревети, 93 се полни

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Министерот за здравство Венко Филипче неодамна изјави дека капацитетот на болницата е 110 кревети, па оттука со денешната бројка капацитетот на клиниката внатре е пополнет речиси целосно.

Останува на располагање монтажната болница која има на располагање 70 кревети.

„До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Има доволен број на кревети на Инфективна клиника и во ГОБ „8 Септември“

Убава вест: Оздравени 12 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.694

Починаа двајца нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 171

Нови 164 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 85

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера низ Македонија изгаснати 18 пожари

Редакција

Од Ковид-19 починаа 28 лица, вкупно до сега 6.367

Редакција

Звучни имиња на листата должници на УЈП: Меѓу нив и 1ТВ и ФК Вардар на Сергеј Самсоненко

Редакција