еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

За скенирање сметки за поврат на ДДВ за домашен производ граѓаните наместо 15% ќе добиваат 20%

Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15%, отсега ќе добиваат 20%.

За странските производи, пак, со уредбата донесена вчера, повратот се намалува од 15% на 10%.

„Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиитe, на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, а сега навистина им е потребна нашата поддршка.

Таа поддршка можеме да им ја дадеме, така што наместо странски производ, ќе одбереме домашен.

И ние знаеме и умееме да креираме квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги,“ изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, по повод измената на уредбата.

Според Министерство за финансии, во МојДДВ учествуваат над 290.000 граѓани, кои даваат придонес во борбата против сивата економија.

Фото: МФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во јануарската сметка за струја, нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Редакција

(Видео) ССНМ: Ако во земјава постоеја само 10 новинари, 7 ќе земаа потпросечна плата, а 4 немаше ниту да имаат постојано вработување

Редакција

Инфлацијата го „јаде“ стандардот: Минималните трошоци зголемени од 41.295 на 48.234 денари

Редакција