Од компликации со корона вирусот, починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово, информираат од Министерството за здравство.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни.
На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г).
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни.
Во КБ Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни“, информираат од Министерството.
Вкупниот број на починати е 193.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца позитивни на Ковид-19 во градинка во Штип и двајца во Охрид
Нови 103 случаи на заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 46
Убава вест: 13 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 1.723
Фото: МЗ