Во Ресен, според податоците на Министерството за здравство денеска се регистрирани нови 6 лица заразени со Ковид-19.
Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 25, од кои активни се 24.
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер.
За барањето на жителите на Ресен градот да се стави во карантин, бидејќи станува збор за многу мало место, рече дека одлуката на локалниот Кризен штаб заедно со тамошните компании, вработените да не одат на работа во следните две недели, е доволна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести
Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација
Триесетгодишен маж е новиот случај на заразен од Ковид-19 во Струмица
Фото: Општина Ресен