еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести

Согласно податоците од историјата на болеста, огромен процент од починатите од коронавирусот се пациенти кои имаат претходни хронични заболувања. Според денешната статистика, од 193 починати лица, најголем дел се на возраст над 60 години, а кај 76 отсто се регистрирани бројни коморбидитети, како што се хронични болести, болести на кардиоваскуларниот систем, белите дробови и шеќерна болест, рече на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на состојбата во болниците, потенцира министерот, во овој момент се хоспитализирани 318 пациенти. Посочи дека на Инфективната клиника се хоспитализирани 95 пациенти, од кои 37 се на кислородна поддршка, нема пациенти кои се на механичка вентилација.

– Во однос на потребата за зголемување на капацитетите, во изминатите два месеци интензивно работевме на дополнителниот капацитет, тоа е монтажната болница. Таа е целосно подготвена и е достапна за лекување на пациенти со Ковид-19.

Утрово разговаравме и со директорката се направи план за ротација на лекари, лекарскиот кадар. Тоа е болница што има површина од 1.000 метри квадратни и се сместени 70-тина кревети, со тријажен центар, значи за прием за хоспитален дел, односно за хоспитализација, прием на пациенти и секако амбулантски дел, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација

Откриени првите мутации на корона вирусот во Македонија

Пет новопочинати од корона вирусот, вкупно 193

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Редакција

Заев ќе остане на раководната функција во Министерството за финансии до изборот на техничка влада

Редакција

Нови текстилни работнички заразени со корона вирусот во Штип, во изолација над 130 лица

Редакција