Никој нема да одговара за утката за промоција на Македонија со фотографија од Германија на платформата „Дома си е дома„, што предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи и во јавноста.
Тоа произлегува од одговорот на прашање на еМагазин, дали некој ќе одговара за пропустот, до Министерството за економија, кое ја подготви платформата, а на која работеше тамошниот Сектор за туризам и угостителство.
“Сликата поставена на платформата е веќе сменета и за грешката Министерството за економија се извинува на граѓаните, ако таа предизвикала забуна, но потенцираме дека истата е ставена само како илустрација за природа, која немаше цел да промовира или назначи одредена дестинација во Република Северна Македонија.
Напоменуваме дека во моментот платформата има функција да генерира ваучери за вработените и да им овозможува на угостителските објекти да се пријават на истата за користење на ваучери за одмор.
Платформата ќе биде дополнително доградена со промотивен дел, односно слики и податоци за туристичките потенцијали на Република Северна Македонија, кои што граѓаните ќе можат да ги посетат за време на користењето на ваучерите, односно од 15 јули.
Уште еднаш сакаме да укажеме дека Министерството за економија во моментот на поставување на сликата беше фокусирано на функционалноста на платформата, се со цел граѓаните навремено да ги добијат ваучерите и угостителските објекти да можат на истата да се пријават за користење на истите“, стои во одговорот на прашањето на еМагазин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Срамота: Министерството за економија ја утна фотографијата на платформата „Дома си е дома“