еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кластерот „Куќна слава Ресен“ се шири

Во Ресен, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера беа регистрирани нови 13 лица заразени со Ковид-19.

Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 47, од кои активни се 46 случаи, а малата општина има вкупно повеќе случаи на заразени со корона вирусот од неколку поголеми градски општини.

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција пред неколку дена рече дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер.

Кластерот доби и кодно име “Куќна слава Ресен“, а директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова вчера информираше дека од истиот има 31 позитивен и повеќе од 70 контакти.

Поради новонастаната ситуација во Ресен беа затворени неколку големи компании, по одлуката на тамошниот Кризен штаб вработените да не одат на работа извесно време, додека ситуацијата не се стабилизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“: Во Македонија има 40 големи кластери

Поради лажните податоци и непримањето на решенијата за самоизолација и во наредните 10 до 15 дена ќе има голем број заразени со Ковид-19

Во кластерот „Свадба“ има 14 позитивни на Ковид-19 и не е познат ниту еден контакт

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи нови акции на ОКТА

Редакција

При одлуката за цената на осигурувањето, да се земе предвид реалната состојба, велат од Националното биро за осигурување

Редакција

Обвинителката Русковска од здравствени причини го напушти рочиштето за насилството во Собрание

Редакција