еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Инфективната клиника за 24 часа примени 13 пациенти, на кислородна поддршка се 46 лица

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 222

Нови 156 случаи на Ковид-19, во Скопје 100

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли исклучувања: Кои се членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нови 300 случаи на Ковид-19 од 2.493 тестови, 59 се реинфекции

Редакција

Потребна е крв од крвна група АБ+ за операција на срце

Редакција